Ира
Нашиот син Ира има тринаесет години. Тој има церебрална парализа(квадриплегија) поради предвремено раѓање. Почнавме со класична физиотерапија рано, кога тој беше уште бебе. Ира е потполно врзан за неговата електромотона количка, која сам ја управува.
Кога беше бебе, физиотерапијата имаше за цел да го стимулира неговиот развој. Терапијата стана поинтензивна кога беше малку постар (на возраст година и пол ). Неговиот физички развој сериозно заостануваше и моравме да вежбаме со него неколку пати неделно дома и во болница. Тој тип физиотерапија се состоеше од повторување на одредени дејства и движења одново и одново. На пример, лежејќи на стомакот и го стимулиравме да започне да ползи, го поставувавме во седечка положба за “да се научи ” да седи , …
После некое време , за оваа терапија добив негативни чувства , бидејќи беше многу стресно за Ира. Често плачеше за време на терапијата и забележав дека не може да го направи она што го баравме од него, бидејќи неговото тело едноставно не беше во состојба. Се чувствував како да учам слепа личност да гледа … Освен тоа, не видов никаков напредок во неговата моторика. Конечно сфатив дека овој тип терапија не донесе резултати.
Покрај тоа, имав многу прашања за тоа како телото на Ира ќе се развива во иднина. Тој изгледаше поинаку од здрави деца. Покрај мускулната вкочанетост и спастични екстремитети, тој, исто така, имаше пропаднат граден кош, многу мали колкови и беше многу слаб, иако добро јадеше. Лекарите и медицинските сестри во болницата навистина не можеа да објаснат што е причината за ова. Забележав дека другите пациенти со ЦП имаа слична постура како и Ира, а исто така и слични физички карактеристики. Класичниот начин на размислување во кој се наведува дека ЦП доаѓа од контролен проблем во мозокот, не дава објаснување за ова.
Бидејќи не бев задоволна, почнав да барам алтернативи и наидов на AБР терапијата на интернет. Иако ми е тешко да им објаснам на луѓето за AБР и како функционира, информациите преку интернет ми беа логични. AБР гледа многу поинаку на оштетувањето на мозокот отколку во болницата и затоа и третманот е сосема поинаков.
Во центарот AБР Белгија , добив одговори на сите мои прашања во врска со развојот на телото на Ира и што може да се направи за да му помогнеме. Со AБР го зајакнуваме телото на Ира и секој пат кога одвнатре ќе се зајаке , како резултат на тоа ги подобрува своите функции, исто како и кај здравите деца, без повеќекратно да ги повторуваме овие функции. Во моментот кога тој има сила да го стори тоа, тој го прави тоа. Еден пример за она што го доби Ира беше дека тој полека почна да седи исправен. Пред АБР, му требаше многу дополнителна поддршка (специјални помагала) за да може да седне. Полека, но сигурно можевме да ја намалиме дополнителната потпора. Сега тој може дури и да седи безбедно сам во када и да игра во исто време.
Пред АБР , секогаш мораше да го храниме, но во одреден момент тој можеше да држи чаша за пиење и лажица и да јаде сам. Почна да зборува подобро, фината моторика се подобри многу , со што тој може да работи на сите видови помали уреди како компјутер на пример.
Во принцип, неговото тело многу се промени и доби многу посилно и помалку спастично тело. Ира, исто така, доби голем напредок во степенот на спознание и социјализација. Убеден сум дека физичкиот и менталниот развој не може да се исклучат еден со друг. Се чини дека подобрувањата во физичката состојба на Ира, исто така, отвораат “нови врати” во неговиот мозок.
Ние работиме АБР повеќе од десет години. Ира беше во количка кога почнавме и сеуште е. AБР не е маѓична терапија која набрзина ги средува децата. Но, ако сте решени и посветени на AБР, од искуство кажуваме дека ќе имате напредок секоја година. И нема крај; Сè додека работите, напредок секогаш ќе има . Нашата мотивација е да го подобриме квалитетот на животот на Ира и да му помогнеме да стане колку што е можно посамостоен. Тој сега може сам да се префрли од количка на ВЦ шоља и од количка во својот кревет. Ова е огромен чекор за него, бидејќи отсекогаш бил целосно зависен од другите. Беа потребни многу години работа и посветеност, но придобивките се апсолутно вредни за секаков напор . Ира чекор по чекор ќе биде во состојба да прави се повеќе работи сам , и тоа е она што го сакаме.
Бидејќи ние целосно престанавме да применуваме класични терапии, 100% сме сигурни дека целиот напредок на Ира се должи на AБР. AБР бара многу работа и ова е нешто што треба да го имате на ум , пред да започнете. И покрај енергија што ја вложуваме, среќни сме што можаме да направиме нешто за подобрување на телото на Ира и неговиот квалитет на животот. Тоа ни дава чувство на моќ и задоволство.