Book appointment
Јас сум Леонид Блум , математичар, биомеханичар и го развивам АБР методот. Дипломирав во 1992 год. на Универзитетот во Новосибирск со специјалност математички модели на комплексни системи.
Моите студии по биомеханика, вклучуваа структура и функционирање на мускулоскелетниот систем, со посебен акцент на деформитети на рбетниот столб и зглобовите. Исто така , работев и со татко ми,доктор - специјалист за мануелен третман на веќе споменатите нарушувања. Од студиите и искутвото, развив верување дека мускулоскелетните деформитети може да бидат добро третирани со квази-статичка мануелна терапија . Квази сттаичка значи со долг и нежен притисок (спротивно на често силните манипулации). Од 1991 до 2000 година предавав примена на биомеханика и мануелна терапија на постдипломци, доктори, во Москва. Во меѓувреме , мојата работа на полето на сколиозите и останатите мускулоскелетни деформитети ја докажаа ефикасноста на квази-статичкиот метод. Моето поле на истражување се прошири на рехабилитацијата на пациети со невролошки оштетувања ( посебно оштетување на мозок) кои страдаат од општи проблеми со моториката и деформитети. И повторно резултатите беа убедливи. Нашиот метод- АБР (Advanced Biomechanical Rehabilitation) Напредна биомеханичка рехабилитација- бара секојдневна работа. Затоа одлучив да ги обучам родителите како да ја применуваат техниката во домашни услови. АБР сателити работаат во неколку земји. Јас ги предводам и обучувам АБР тренерите , а потоа тренерите им ги пренесуваат АБР техниките на родителите и старателите.
Work Days |