АБР е уникатна терапија која ја обновува силата, структурата и функцијата на телото.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.be
Title Image

Криста Биненс

Home  /  Криста Биненс
Криста Биненс
+32 (0)11 87 45 47
Book appointment
We are here for you

Book appointment

Церебрална парализа(ЦП) беше дијагнозата која је доби син ми Питер Јан , на 4 месечна возраст. Во тоа време, не знаев што значи ЦП ниту пак што тоа значи за иднината на Питер Јан. Никој не можеше да ми даде одговор . Очајно барав решенија.

После 5 терапевти во Белгија, одлучив да одам во САД за интензивна специфична физикална терапија. Резулатите беа незначителни, па така мојата потрага продолжи. Отидов во Англија,за хипербарична терапија, со надеж тоа дека ќе го поттикне развојот на Питер Јан. Но, повторно, резултатите беа незначителни. За време на престојот во Англија,случајно го сретнав Леонид Блум . Конечно некој ми даде одговор на стотиците прашања кои ги имав. Тој ме научи( и сеуште ме учи) и ми покажа еден поинаков начин на анализа и разбирање на човечкото тело.Постепено разбрав зошто сите тие терапии кои ги работевме со син ми, дале толку малку резултати и зошто АБР може да индуцира драматични промени.Една година покасно, кога Питер Јан беше 3,5 години, беше сосема поинаков. Започна неговиот целосен напредок. Можеше да ја контролира својата глава, започна да зборува и спазамот значително се намали. Питер јан, конечно , можеше да се вклучи во животот, како физички така и ментално. Питер Јан го сака животот, посетува часови по музика, учи и се забавува на концерти. АБР донесе извонредни промени во нашите животи и тоа го потхрани мојот ентузијазм да ги информирам и другите родители. Чувствував дека имам обврска да им помогнам на родителите да разберат што се случило со телото на нивното дете и кои се можностите за напредок. Во 2001 година, се отвори АБР центарот во Белгија. “Мал чекор во светот, а голем чекор за нашите деца”. Мојата цел не е да давам надеж, туку да покажам напредок...

Work Days