АБР е уникатна терапија која ја обновува силата, структурата и функцијата на телото.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.be

Blog

Фасција

Се работи за фасција!

Елке е мајка на Сен, слатко мало детенце со церебрална парализа.
Овој текст е дел од блог-постот  на Елке „Се работи за фасцијата“ на нејзината веб-страница „Сè за Сен”
Кликнете овде за да го прочитате целиот блог-пост (само на холандски).

Секоја недела забележувам дека движењата на  мојот син Сен се послободни од претходната.
Понекогаш  гледам промени  во мали нешта, понекогаш во големи работи. Нозете, паѓаат убаво и опуштено и почнува да ги  повлекува се повеќе и повеќе кон него, колена може да ги допре кога лежи на грб, дланките се поотворени, рацете може да ги движи слободно, неговото торзо  стана многу поцврсто , но  не заради спастичноста, туку затоа што му ја вративме правилната структура  на неговото тело и затоа што го стимулираме на вистински начин.

Како се случи  тоа?
Сè започна  со АБР, терапија за фасции, и јас сум убедена во тоа од дното на моето срце.И тоа е така заради една едноставна причина:  зошто  возрасните кои преживуваат  мозочен удар  можат да се опорават после тоа? Како е моижно  нивното тело да не биде целосно искривено и  тие сè уште можат да го живеат својот живот функционално? Зарем не е вистина дека колку е помлад човек има поголеми шанси за опоравување? Мозок сè уште расте, може да се  искористи многу поголем пластицитет, а оштетувањето само се намалува како процент. Возрасните со  повреда на мозокот која не е од раѓање, воопшто го немаат ова и сепак ги немаат сите тие проблеми кои ги имаат децата кои претпеле мозочно оштетување уште од раѓање. Покрај тоа, насекаде читаме дека церебралната парализа не е прогресивно нарушување, сепак, кај многу   деца со растењето состојбата се влошува и тоа не е затоа што оштетувањето  во нивните мозоци се зголемува, напротив. Па тогаш како е можно тоа?

Решението е фасцијата, соединителното ткиво.
Само по себе, зборот го кажува сето тоа. Ткиво што поврзува сè, буквално сè во нашето тело. Во последниве години, се покажа дека соединителното  ткиво е многу поважно отколку што се сметаше порано. Погледнете скелет што го гледате понекогаш во канцеларијата на лекарот. Дали скелетот стои исправен без потпора? Не … ако немаше потпора , ќе паднеше на земја. Сега можам да ве чујам како размислувате, но за тоа се мускулите. Да, но замислете  кога седите во троседот, мускулите  да ве држат исправено. Колку би било исцрпувачко?!Мускулите треба постојано да се активни  за да ве држат исправени. Колку  заморно би било тоа…
Затоа, имате фасција или соединително  ткиво, кое овозможува да можете да седите мирно.Фасција ги поврзува мускулите со скелетот и многу повеќе. Причината зошто здравата личност може да седи опуштено е затоа што имаме фасција што го овозможува тоа.Во моментот кога сакаме да станеме, мускулите се активираат  и така функционира со сè. Кај децата со церебрална парализа, ова сврзно ткиво не е добро развиено. Наместо во течна и еластична состојба , фасцијата е здрвена  и леплива . Резултатот е дека мускулите веќе не се соодветно прицврстени на коските,  тонусот на мускулите е или премногу висок или премногу низок , а на долг рок тоа ќе предизвика децата да растат неправилно.

Оваа терапија ја работиме  само 8 месеци и  чувствувам и гледам како телото на Сен се менува малку по малку. Прво се промени торзото и дишењето, потоа главата и вратот, а тие промени му овозможија поголема контрола , неговите нозе и рамена исто така почнаа да се менуваат, плус скоро целосно ја намаливме дозата на баклофен(мускулен релаксант).

На оваа слика ја гледате разликата во контролата  на главата на Сен по шест месеци  АБР:

[vc_single_image image=”17083″ img_size=”750×422″]

Познавам возрасна жена, која  неодамна  започна  со АБР. Таа е врзана за инвалидска количка и има спастична квадриплегија. Од неа слушнав  дека сега диши подобро, дека ги крева рацете повисоко, дека за прв пат   чувствува колку и се  топли нозе, дека може да седи постабилно,…

Но, тогаш, се прашувам зошто ова не е прифатено  и не им се препорачува на сите деца со ЦП?
Зошто луѓето немаат слух за ова? Јасно ја гледаме разликата, и не сме само ние. Во последно време на толку многу места  прочитав,дека  стоењето и мобилизацијата нема да помогне да се спречат проблемите и сепак и понатаму упорно се препорачува.

Искрено се надевам дека порано или подоцна, ова ќе се промени. АБР Белгија постои од 2001 година и тие продолжуваат да се продлабочуваат и специјализираат се повеќе и повеќе. Многу сум среќна и благодарна што ги најдовме. Без правилна структура на телото можете да го стимулирате мозокот колку сакате,структурата е вашата основа и е неопходна.

Елке,
мајка на Сен

Веб-страница за приказната на Сен: https://allesvoorsenn.com/ 

Веб-страница за CuPerHeroes, непрофитна организација:https://www.cuperheroes.be/

hacklink al hack forum organik hit betlike girişrulet siteleriextrabetbets10casibom girişfixbetfixbetfixbetfixbetcasibom 742 com girişlimanbet girişlimanbet girişlimanbet girişHatay escortDenizli escortbahis siteleriDeneme Bonusu Veren Siteler 2024instagram takipçi satın alcasibomdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelermatbetbets10fixbetedudeneme bonusu veren sitelerığdır boşanma avukatıjojobet güncel girişextrabet girişextrabetbettilt casinovirabetjojobet giriş1xbetcasibomjojobetjojobet girişjojobet günceljojobet güncel girişjojobet telegramdinamobet girişdinamobetCasibombankobet girişbankobetbankobet güncel giriş