АБР е уникатна терапија која ја обновува силата, структурата и функцијата на телото.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.be
Title Image

Весна Гасовска

Home  /  Весна Гасовска
Весна Гасовска
+32 (0)11 87 45 47
Book appointment
We are here for you

Book appointment

Здраво, се викам Весна, и сум од Македонија. Пред 10 години животот ми донесе голем предизвик, се роди мојата ќерка Ана и веднаш после пораѓај ни беше кажано дека има оштетување на мозокот, а покасно беше дијагностицирана Церебрална парализа. Како родиел, почнав да трагам по решение.

Докторите ни кажаа дека нема лек, но ако работиме упорно и посветено , можеби ќе добиеме моторичка функција. Никогаш не престанав да се надевам и да пробувам различни терапии надевајќи се дека ќе добиеме моторна функција. За жал, состојбата на Ана постојано се влошуваше, епилептичните напади зачестија, проблеми со дишење, постојани повраќања.... Во одреден момент ми се смачи од макотрпно работење со надеж дека ќе се постигне нешто.Тоа беше моментот кога одлучив дека веќе никогаш нема пробувам терапии кои велат: “ можеби ќе даде резултати “. Пребарувајќи на интернет, налетав на АБР и откако ги прочитав искуствата на другите родители, одлучив да дадам шанса на АБР . Од АБР Ана доби прекрасни промени и сеуште добива. Нема повеќе епилептични напади, не прима лекарства за епилепсија, нејзиниот живот значително доби на квалитет. Но тоа не е се. Благодарение на АБР, конечно ја разбрав состојбата на Ана и престанав да се надевам на магија. Ја прифатив состојбата на Ана и престанав да ја измачувам со вежби кои нејзиното тело едноставно не беше во состојба да ги направи. Конечно најдов мир. Тоа беше доволно силна причина да почнам да ја ширам информацијата за АБР и да ги известувам и другите родители за АБР. Наскоро, поминав низ курс за АБР тренер во АБР центарот во Белгија, станав тренер и почнав да обучувам и други родители. Обуки држам во Македонија, Романија, ја водам Балканската АБР група и соработувам со АБР тимот од Белгија. Напредокот кој децата го добиваат од АБР, благодарноста и почитта од родителите , ми ја исполнуваат душата со неизмерна радост и ме мотовираат да продолжам со мојата работа.

Work Days понеделник вторник среда