АБР е уникатна терапија која ја обновува силата, структурата и функцијата на телото.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.be

Blog

Промената може да биде едноставна како AБеЦе…

Здраво.Јас сум Стефани, личен асистент  на Питер-Јан и мајка  на 4 тинејџери.

Низ годините, како  родител и низ  работата со деца, луѓето се изненадени од тоа колку лесно и едноставно  децата престануваат да покажуваат  некои несакани однесувања додека јас се грижам за нив .

Ова ме натера  да анализирам што е тоа што  го правам поинаку и да се обидам да го ставам во зборови, со  надеж  дека ќе им помогне на многу деца и на нивните родители, заедно  да најдат повеќе мир и хармонија.

Како прво , важно е да се  знае дека нема смисла да се борите  против несаканото однесување, бидејќи тоа е само резултат на основниот проблем. Наместо да се фокусирате на однесувањето кое сакате да го промените, ќе се фокусирате на тоа  детето повеќе да не ја чувствува потребата да го покаже ова однесување. Ова значи дека треба да создадеме средина во која детето ќе може и ќе сака да се однесува подобро. Треба да се осигураме дека детето може  да се чувствува удобно и опуштено во својата средина , бидејќи под стрес , никој не е способен да се однесува поволно . Второ, детето мора да доживее дека позитивното однесување создава позитивни ситуации, и дека  негативното однесување не му дава апсолутно ништо. Со тоа што детето ќе може да се чувствува опуштено и низ  правилно реагирање на неговото однесување, постепено ќе забележите автоматска позитивна промена во неговото однесување.

Со овој блог, мојата идеја е да дадам општи совети , а конкретни прашања од родителите или старателите се повеќе од добредојдени. Ве молам  контактирајте ме на abr.belgium@gmail.com.

Би сакала да добијам Ваши коментари,

Стеф.