На нашето девојче, токму тоа и требаше
Моето име е Надја, имам 40 години и сум од Романија.
Дознав за AБР терапијата на интернет и бев изненадена што пронајдов нов пристап кон невромоторната рехабилитација!
Прочитав сè што го најдов за AБР и бев убедена дека тоа е она што и е потребно на нашата мала девојка!
Со нашата ќерка Лорена почнавме да работиме АБР пред четири години, кога имаше 8 години.
Лорена имаше проценка со одличниот тим од АБР Белгија. Тоа беше комплексна процена, каква ние никогаш порано не сме имале ! Состојбата на Лорена во тоа време беше многу тешка, имаше екстремни слабости и проблеми со дишењето!
Знаев уште од самиот почеток дека ќе биде потребно многу време за обнова и зајакнување на структурата на телото, но со разбирање на принципите на терапијата АБР, сфативме што ќе се случува и бев трпелива. Многу работев, но резултатите се прекрасни и трајни!
Квалитетот на животот на нашата девојка многу се промени,а за нас како родители тоа е најважно. Дишењето на Лорена е многу подобрено, зглобовите се многу повеќе мобилни, мускулите се порелаксирани ,трупот е посилен, коските се многу посилни. Со AБР промените доаѓаат од внатрешноста на телото!
AБР стана начин на живот за нас, тоа е дел од дневната рутина!
Ќе продолжиме со оваа терапија и со нетрпение ги очекуваме новите материјали и новите техники!