АБР е уникатна терапија која ја обновува силата, структурата и функцијата на телото.
+32 (0)11 87 45 47
info@abrtherapy.be

Blog

На нашето девојче, токму тоа и требаше

Моето име е Надја, имам 40 години и сум од Романија.
Дознав за AБР терапијата на интернет и бев изненадена што пронајдов  нов пристап кон невромоторната рехабилитација!
Прочитав сè што го најдов за AБР и бев убедена дека тоа е она што и е потребно на нашата мала девојка!

Со нашата ќерка Лорена почнавме да работиме  АБР пред четири години, кога имаше 8 години.

Лорена имаше проценка со одличниот тим од АБР Белгија. Тоа беше комплексна процена,  каква ние никогаш порано не сме имале ! Состојбата на Лорена во тоа време беше многу тешка, имаше екстремни слабости и проблеми со дишењето!

Знаев уште од самиот почеток дека ќе биде потребно многу време за обнова и зајакнување на структурата на телото, но со разбирање на принципите на терапијата  АБР, сфативме што ќе се случува  и бев трпелива. Многу работев, но резултатите се прекрасни и трајни!

Квалитетот на животот на нашата девојка многу се промени,а за нас како родители тоа е најважно. Дишењето на Лорена е многу подобрено, зглобовите се многу повеќе мобилни, мускулите се порелаксирани ,трупот  е  посилен, коските се многу посилни. Со AБР промените доаѓаат од внатрешноста на телото!

AБР стана начин на живот за нас, тоа е дел од дневната рутина!

Ќе продолжиме со оваа терапија и со нетрпение ги очекуваме новите материјали и новите техники!